Се тестирал за корона, а во меѓувреме се журкал, а тестот покажал дека е позитивен на Ковид 19 – ММС
ММС

Објавено на: 08/18/20 1:26 PM

Се тестирал за корона, а во меѓувреме се журкал, а тестот покажал дека е позитивен на Ковид 19

26-годишен Баварец во четвртокот доброволно бил  тестиран на „ковид-19“ на граничниот премин со Австрија. Му било кажано дека ќе биде известен за резултатите во рок од 24 часа ако тестот се покаже позитивен. Младото момче од Боденвор во областа Швандорф во Баварија не чекал да пристигнат резултатите од тестот, туку заминал на приватна роденденска забава, каде се собрала група од стотина гости.

Неговите дополнителни 20 контакти се однесуваат на луѓето со кои се дружел откако се вратил во Германија.

Локалните служби на Швандорф, кои ја следат епидемијата, велат дека позитивниот тест за младиот човек бил потврден дури во неделата.

Mittelbayerische Zeitung наведува дека на младото момче му било кажано на граничниот премин Куфштајн, каде бил доброволно тестиран, дека ќе ги добие резултатите од тестот, доколку се испостави дека е позитивен, во рок од 24 часа. Младото момче беше официјално регистрирано како ковид позитивен во неделата, а во меѓувреме се дружел и бил на роденденска забава.

Баварските медиуми минатата недела масовно пишуваа за скандалот со тестирањата на коронавирусот на границата со Австрија, поради што и самиот врв на Баварија, сè до премиерот, се најдоа под ужасни критики.

Во средината на неделава, за резултатите се уште не биле известени 44.000 тестирани , што не би било проблем доколку помеѓу нив не се наоѓале 900 заразени патници, кои не биле свесни дека се изворот на инфекцијата.

Преземено од: http://ba.n1info.com/