Зошто жените утре не смеат да плачат- Обичаи за христијанскиот празник Преображение – ММС
ММС

Објавено на: 08/18/20 12:41 PM

Зошто жените утре не смеат да плачат- Обичаи за христијанскиот празник Преображение

Православните верници утре го слават Преображението Господово, празник посветен на сеќавањето на настанот на Христовата преобразба на планината Тавор кога ги објавува неговите страдања и слава.  Во црква на Преображение, како знак на благодарност на Бога за плодовите дадени од земјата, грозјето се осветува и се дава на луѓето, а во области каде што нема грозје, се делат други плодови. Но, не е ова единственото нешто што се прави за Преображение, секоја држава, секоја област си има свои посебни обичаи за празникот.

Празникот на Преображение е посветен на моментот кога, според христијанската традиција, Христос се преобрази и блескаше како сончева светлина на планината Тавор пред апостолите.

„Тогаш Мојсеј и Илија  им се јавија на Христа и апостолите,  и му зборуваа на Господа за неговата смрт во Ерусалим“, напишано е во верските книги.

Секој празник и неговите обичаи се исто така врзани за годишните времиња. Затоа обично се зборува кај луѓето дека дека по Преображение се менува климата, односно заладува. Исто така, се верува дека по  Преображение се менува вкусот на водата, па тоа  е последниот ден за пливање во реките.

На Преображение, велат дека  листот во планината и каменот во водата се преобразуваат, лисјата почнуваат да стануваат жолтит и да паѓаат, а водата станува постудена. Велат и дека на  Преображение, небото во глуво доба на ноќта три пати се преобразува.

На овој ден, не треба да спиете во текот на денот, бидејќи секој што заспива, ќе се преобрази, па ќе биде дремлив во текот на целата година. Не е добро некој да плаче, особено не жените, бидејки таква, плачна ќе им биде годината. Затоа утре сите жени треба да бидат среќни и намсеани, за да им биде таква годината.  Ниту пак луѓето треба да го поминат целиот ден во кафеана – за да не им прејде во навика, да се преобразат во расипикуќи. За луѓето, пак, што се родени на овој ден, велат дека се преобразуваат, односно дека во текот на денот често знаат да го менуваат расположението, плановите и навиките.

Фото: mamaklik.com/srbija24.com