Ким Џон Ун наредил да се одземат кучињата од газдите и месото да го служат по ресторани – ММС
ММС

Објавено на: 08/17/20 9:13 PM

Ким Џон Ун наредил да се одземат кучињата од газдите и месото да го служат по ресторани

Севернокорејците, наводно, се присилени да се откажат од своите кучиња за да, во недостаток на месо, нивните домашните миленици послужат како оброк во рестораните. Ова е веројатно уште еден знак на тешката економска состојба во земјата, што првенствено е поврзана со недостаток на храна.

Се верува дека кучињата како миленичиња претежно ги имаат побогатите и елитни семејства во главниот град Пјонгјанг, додека посиромашните чуваат свињи или други добиток.

Во јули, лидерот Ким Јонг Ун издаде забрана за поседување миленичиња, велејќи дека станува збор за „корумпиран тренд на буржоазиска идеологија“.

– Властите идентификуваа домаќинства со кучиња и ги принудуваат да им ги дадат – наведуваат изворите.

Некои од кучињата, наводно, биле дадени во државни зоолошки градини, додека други завршиле во ресторани за кучешко месо.

Овој вид месо е традиционално популарен во Кина и Корејскиот Полуостров, иако потрошувачката опаѓа во Јужна Кореја.

Извор: srbijadanas.com