Небични примени на краставицата – ММС
ММС

Објавено на: 08/17/20 8:06 PM

Небични примени на краставицата

Краставицата не е добра само за салата. Голема е веројатноста дека во печатените медиуми или во филмовите сте забележале дека краставицата може да се искористи како маска за лице, бидејќи таа е добра за негата на кожата. Магијата на краставицата лежи во тоа што во нејзиниот состав има голема количина вода, па може да помогне во елиминирањето на темните кругови под очите. Меѓутоа,  постојат и други начини на кои може да ја искористите краставицата.

Изгореници по сончање

Предолгата изложеност на сонце може да резултира со болни изгореници. Тие се опасни, особено кога се во пределот на лицето, бидејќи таму кожата е најчувствителна. За да се ослободите од тие изгореници искористете краставица не само за очите, туку и за целото лице. Се’ што треба да направите е да ставите неколку парчиња краставица на лицето и да ги оставите пет до десет минути.

После плачење

Кога плачете, кожата  околу очите отекува, што и не е тешко да се забележи. Краставицата може да помогне и во ваков случај. Ставете две крукчиња краставица на вашите очи. Освен тоа, краставица има ефект на ладење, па освежувајќи ве ќе може да ги ублажи барем малку и вашите емоционални проблеми.

Воспаление

Краставицата може да ги ублажи симптомите на настинка и грип, се разбира доколку ја користите во комбинација со соодветни лекови. Доколку ставите дел од овој зеленчук на челото, тоа ќе ви помогне во намалувањето на телесната температура. Не заборавајте дека краставицата може да ја ублажи и иритацијата на очите, доколку користите контактни леќи.

 

Извор:  zenskikutak.hr