Врската помеѓу мајките и ќерките е нераскинлива, но понекогаш не е се’ идеално: Како да го подобрите односот? – ММС
ММС

Објавено на: 08/17/20 7:03 PM

Врската помеѓу мајките и ќерките е нераскинлива, но понекогаш не е се’ идеално: Како да го подобрите односот?

Односите меѓу мајките и ќерките се комплексни и различни. Некои мајки и ќерки се најдобри пријателки, други пак, разговараат еднаш неделно. Некои од нив често се расправаат, други ги избегнуваат кавгите…Несомнено, во односите меѓу мајките и ќерките има од сѐ ова по малку.

Постојат подеми и падови, независно од тоа колку е односот позитивен. Сепак, има простор за неговото подобрување, а постојат неколку начини на кои може да го постигнете тоа.

Комуникација во вистинско време

Пред да го почнеш процеот на подобрување на напнатиот однос, важно е да ги отвориш сите комуникациски канали. Телефонски повик, порака или разгледница секогаш се добар почеток ако не е можно да се реализира состанок – објаснува психологот, Кристина Халет.  Ако ти и твојата мајка избегнувате одредени теми зашто може да создадат чувство на неудобност во односот, размисли кога би било најдобро време да се отворат таквите теми. Не впуштај се во разговор пред да бидеш подготвена – додава психологот.

Биди сочувствителна

Биди сочувствителна и кон себе  и кон твојата мајка. Тоа значи дека треба да разбереш дека немаат сите ист капацитет за донесување на најдобрите одлуи. Еден од начините на кои можеш најдобро да ја разбереш својата мајка е да размислиш за нејзиното растење, бидејќи тоа ќе ти даде подобар увид во нејзините мотиви и ќе го објасни начинот на кој таа реагира при кавги. Некои луѓе, особено постарите генерации тешко зборуваат за своето минато. Кажи ѝ на својата мајка дека сакаш подобро да ја запознаеш и да го разбереш нејзиното минато.

Биди отворена

Не постои објективност во односите, туку само субјективно искуство – вели психоаналитичарката Хилари Џејкобс Хендел. Всушност, постои голема веројатност ти и твојата мајка да ги гледате работите од различна перспектива. Тоа не значи дека едното е правилно, а другото погрешно, но понекогаш кога се во прашање нашите родители не сме толку попусливи како во другите односи.  Биди отворена за да ги разбереш перспективите на својата мајка. Дури и кога таа не те разбира тебе, отвореноста може да биде од помош за да продолжите понатаму.

Слушај активно

Пречесто, посебно во разговорите со луѓето што добро ги познаваме, престануваме да слушаме – објаснува Халет. Активното слушање е спротивно од тоа. Додека разговараш со својата мајка разбистри си го умот и сосредоточи се само на слушањето. Не размислувај за тоа што ќе кажеш следно и не суди. Обиди се да ја разбереш нејзината страна од приказната дури и ако не се согласуваш со неа.

Активното слушање го зајакнува твоето разбирање за она во врска со кое таа комуницира, го зголемува чувството на поврзаност и нуди прилика за нов вид интеракција.

Реални очекувања

Луѓето често имаат идилични очекувања од своите мајки, но ако тоа не може да се исполни, постојат шанси да дојде до судир или горчина. Многу е важно да имате пониски и реални очекувања за да се ублажи разочарувањето – додава Хендел. Обиди се да го избегнеш споредувањето на односот со мајка ти со она што го гледаш на телевизија, бидејќи секој однос е единствен.

Простувај

Да, твојата мајка веројатно грешела додека си растела, а тоа го прави и денес. Обиди се да се сетиш и на твоите грешки. Ако твојата мајка секогаш била подготвена да те сослуша и се извинувала поради своите постапки, биди спремна да ѝ простиш.

Подготви се за фактот дека не може секој однос да се поправи

Потребни се двајца за да подобри односот – вели Хендел. Ако само ти си виновна за се и ти си нападнатата, тогаш речиси невозможно е тој однос да се поправи. Понатму Халет препорачува целосен прекин на односот ако врската е насилна на каков било начин (физички, емоционално, вербално). Дозволено ни е да се одмориме или да го прекинеме секој однос што е токсичен.

Природно е да сакаме да го докажеме својот став ако почувствуваме дека кон нас некој постапил неправедно или погрешно. Но трпението, смиреноста, разбирањето и отвореноста за различни гледишта ќе ни помогнат во подобрувањето на односите.

 

Извор:     zena.rtl.hr