Џо Харт на медицински прегледи во Тотенхем – ММС
ММС

Објавено на: 08/17/20 12:33 PM

Џо Харт на медицински прегледи во Тотенхем

Поранешниот англиски број еден чувар на мрежата и голман на Манчестер Сити, Џо Харт, од следната сезона ќе го носи дресот на Тотенхем.

Екипата предводена од Жозе Мурињо постигна договор и ги среди персоналните услови со освојувачот на Премиер Лигата и тој како слободен агент ќе застане помеѓу стативите во претстојната сезона.

Харт, секако нема да претставува прва опција за голман на тимот од северен Лондон, но ќе биде во конкуренција со Аргентинецот Газанига за менување на францускиот голман Хуго Љорис.

Спарси наскоро ќе влезат во разговори со преставниците на Љорис за продолжување на договорот, а на тема трансфери, тие притискаат да го продадат нивното најскапо засилување во историјата, Тангуј Ндомбеле.