Опожарена барака во Центарот за бездомноци во Чичино Село, спречена кражба на музички инструменти во Малеш – ММС
ММС

Објавено на: 08/17/20 7:07 AM

Опожарена барака во Центарот за бездомноци во Чичино Село, спречена кражба на музички инструменти во Малеш

Во Центарот за бездомници во Чичино Село синоќа избувнал пожар во една од социјалните бараки. Целосно е изгаснат утрово и нема повредени.

Командантатот на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје Владимир Симоновски за МИА изјави дека пожарот бил пријавен во 23.35 часот, локализиран во 00.25, а целосно изгаснат во  7 часот.

Интервенирале со шест возила и 15 пожарникари за да го изгаснат огнот што ја зафатил бараката од 500 квадратни метри, во која немало луѓе.

Синоќа била спречена кражба на музички инструменти во Владимирово, беровско. Настанот синоќа го потврди виртуозот Горан Алачки кој во изминатите неколку дена престојува во родниот крај.

-Вечерва имаше обид за кражба на музички инструменти во село Владимирово. За среќа со интервенција на полицијата кражбата е спречена, истакна Алачки. Повеќе детали за  кражбата полицијата најави во текот на денов.

Жителите велат дека во изминатите 15 години немало вакви случаи во селото, но во последниот период се појавуваат.

-За жал, пред неколку месеци беа украдени и пари наменети за опожарената црква „Св.Спас” во Владимирово, а сега и ова, велат жители на Владимирово.

МИА