Манекенката Софија Милошевиќ се мажи за фудбалерот Лука Јовиќ. Имено, напаѓачот на Реал Мадрид ја запросил бремената манекенка на јахта, за време на нивниот одмор во Италија, јавуваат странските медиуми.
Фудбалерот носеше кошула и кратки панталони, а манекенката црвен фустан. Лука прво ѝ подари на Софија букет цвеќиња, а потоа клекна пред нејзе и ја запросил.
Софија секако дека се согласила, а дека ќе се омажи за Лука објави и на Инстаграм.
„Да. Ти благодарам што си ти, ти благодарам, затоа што најмногу се смеам покрај тебе, ти благодарам што ме сакаш. Те сакам бескрајно – напиша Софија на Инстаграм.
Инаку, манекенката е бременаи со фудбалерот го очекуваат нивното прво дете.“
vesnik.com