Поради вирусот на есен можен нов полициски час низ Македонија – ММС
ММС

Објавено на: 08/16/20 5:43 PM

Поради вирусот на есен можен нов полициски час низ Македонија

Здравствените институции во земјава подготвуваат можни сценарија доколку епидемиолошката состојба се влоши во текот на есента. Покрај тоа, министерот Филипче вели дека се разгледува можноста за враќање на рестриктивните мерки во оние делови од земјата каде ситуацијата би била посериозна. Една од мерките што може да се врати е полицискиот час.

„Имаме план за дополнителни ограничувања согласно некои мерки, ќе ги промовираме наскоро. Ова значи дополнителни ограничувања во региони каде има зголемување на бројот на пациенти или постои потенцијален ризик. Никој не може да даде сигурно предвидување затоа што ниту една од земјите во регионот и во Европа немале пандемија на есен“, истакна Венко Филипче, Министер за здравство.