(Видео) Ми ги зема децата и целата заштеда, проблемот во бракот на пејачката Тања Савиќ ќе се решава меѓу Србија и Австралија – ММС
ММС

Објавено на: 08/15/20 5:36 PM

(Видео) Ми ги зема децата и целата заштеда, проблемот во бракот на пејачката Тања Савиќ ќе се решава меѓу Србија и Австралија

“Сакам да кажам дека сум во ред, има надеж за правда. Имам сила да се борам. Сакам да им се заблагодарам на сите. Мислам дека тоа ќе се случи брзо”, започна Тања во утринската програма на ТВ Прва. Пејачката веќе неколку години имал проблем во бракот со Душан, кој живее во Австралија, но тоа го криела од кавноста, се до неодамна кога тој, без таа да знае и одобри,  земал децата и ги однел во Австралија. Тања очајна реши проблемот да го сподели со јавноста бидејки, како што вели, во гостувањето , и ги земал сите заштедени пари и си заминал а сега не и дозволува да се види со двата сина.

“Последниот пат кога имав контакт со децата беше минатата ноќ, за пет минути. Не сум опуштена кога ги повикувам, секогаш има некој таму, како да се под надзор. Секгаш кога ќе се јавам, чувствувам негативна атмосфера”, рече таа.

“Гледам по нив дека се воздржани. Тие се малку лути и бесни. Постариот син тој ден  не сакаше да ме слушне со мене. Може да бидат изманипулирани од нивниот татко. Можно е децата да бидат против мене”, вели Тања.

“Секогаш се надевав и му давав шанса. Со него не сум во никаков однос. Тој започна да ми праќа пораки на англиски јазик. Можно е дека тој подготвува нешто против мене”, изјави таа за ТВ Прва.

“Луѓето мислат дека јас дадов моја согласност децата да ја напуштат Србија, тоа е неточно. Тој ги киднапираше децата. Нема мој потпис. Тој ме лажеше дека децата имаат температура, за да не доагам.  Тој беше во Белград, а јас кај моите “, изјави пејачката.

“Да знаев дека тоа ќе се случи, јас немаше да му ги предадам децата на него. Јас немам никаква врска со Душан. Кога тој ќе се смилува, ќе ми даде да ги слушаат. Јас сум личност што го скрив мојот приватен живот, не сакав да зборувам за Тој ми кажува. Јас не пријавив затоа што имав лажна надеж, тој секогаш велеше дека ќе се врати. Тој ги зеде сите мои пари, целата  заштеда. Тој плански си го направи ова “, рече Тања.

„Тие имаат двојно државјанство. Не знам дали тој го фалсификувал мојот потпис на аеродромот. Бев измамена и наседнав на таа приказна. Никогаш не поднесов барање за развод. Тој ми велеше дека не сум добра мајка, но подоцна сфатив дека јас сум таа што е во ред “, признала пејачката.

“Тој ме пријави како мајка која се откажала од своите деца. Тој отиде на социјалното и се пријави како самохран татко, за да земе 3000  долари од социјални за да не работи”, заклучи Тања.

За проблемот на Тања се заангажирало и Министерството за надворешни работи на Србија, кое  ги известило австралиските власти за пријавата на пејачката Тања Савиќ дека нејзините деца биле однесени во Австралија без нејзина согласност, а откако Министерството за правда собере докази, ќе биде покрената постапка, рече денеска министерот за надворешни работи Ивица Дачиќ.

Тој како гостин на ТВ Прва рече дека изнесувањето на малолетни деца од земјата , кои се со двојно државјанство , а без согласност на мајката спаѓа под Хашката конвенција, за правни аспекти на грабнување на деца.

„Ние ја почнавме приказната политички, ги известивме австралиските власти, постапката  формално е започната пред австралиското обвинителство. Нашето Министерство за правда работи на низ правни процедури пред тоа. Кога ќе почне постапката, таа ќе трае неколку недели“, рече Дачиќ.

https://www.youtube.com/watch?v=cl7-Tr8jjcs

Фото: grand.online/coolradio.rs