Пита со мелено месо и компир – ММС
ММС

Објавено на: 08/15/20 12:39 PM

Пита со мелено месо и компир

Состојки
  1. 450 гр мелено месо
  2. 200 гр чадена сланина
  3. 1 кромид
  4. зачини за мелено месо бибер, буковец, мешан сув зачин, мешавина од зачини за месо,
  5. 6 јајца
  6. 1 кг компир
  7. 5 лажици пченкарно брашно
  8. 4 лажици бело брашно
  9. 2 пецива
  10. 100 гр кисела павлака
  11. 100 гр сирење

   Дополнително

  1. 100 гр кашкавал или моцарела

Ова е рецепт за богата пита која е одлична како заменски ручек или што би се рекло ручек од една тава.

Подготовка
1. Кромидот ситно го сечкаме и го запржуваме на свинска маст или масло додека да омекне.
2. Ја додаваме сланината исечкана на коцки и неа ја упржуваме.
3. Го додаваме меленото месо, го упржуваме и му додаваме зачини. Го тргаме на страна да подолади.
4. Киселата павлака и ренданото сирење ги соединуваме.
5. Брашната и пецивото ги соединуваме.
6. Компирите ги рендаме и кон нив ги додаваме сите останати состојки, најпрво сувите, па павлаката со сирењето, јајцата и на крај меленото месо.
7. Целата смеса ја соединуваме со лажица и ја истураме на намрсено тавче.
8. Печеме во загреана рерна на 200 степени, а при крај на печењето питата ја наросуваме со рендан кашкавал и ја враќаме повторно во рерна за да ни се растопи кашкавалот.
9. Сервираме откако малку ќе подизлади, со по една полна лажица кисела павлака.

 

 

 

извор : https://moirecepti.mk/