Златни правила за долг и здрав живот – ММС
ММС

Објавено на: 08/14/20 7:56 PM

Златни правила за долг и здрав живот

Не е потребно многу за да си осигурате себеси долг и здрав живот. Ако сте ги гледале Олимписките игри сигурно знаете за расправите во врска со тоа како да се дојде до златен медал и до совршената десетка. Но, во животните Олимписки игри ви е потребна седмица за ваков медал. Хрватскиот портал zenskikutak објави листа од седум работи, кои се однесуваат на навиките што би можеле да го променат вашиот живот од позитивен аспект.

Не пушете цигари

Индексот на телесната маса нека биде помал од 25 kg/m2

Јадете овошје и зеленчук во големи количини и ограничете го внесот на напитоци со засладувачи

Имајте интензивни активности повеќе од 150 минути неделно

Нивото на холестерол треба да биде помалку од 200 милиграми на децилитар крв

Максималниот (систолен) крвен притисок треба да биде 120 mmHg, додека дијастолниот крвен притисок треба да биде 80 mmHg

Нивото на гликоза во крвта треба да биде помала од 100 милиграми на децилитар

 

Овие седум навики биле имплементирани во едно истражување во кое учествувале 7622 лица на возраст од над дваесет години. Резултатите покажале дека кај 88 проценти од лицата биле намалени шансите за смрт предизвикана од срцев удар. Луѓето коишто престанале да пушат го продолжиле својот животен век.

Колку од овие седум навики можете вие да усвоите? Што побргу ги усвоите толку поздраво и подолго ќе живеете. Сега потрудете се да го освоите златото на Олимписките игри во вашиот живот.