Претставниците на Huawei денеска во Љубљана изјавија дека тој кинескитехнолошки гигант ги исполнува сите стандарди на кибер сигурност и дека не претставува закана за Словенија, реагирајќи на одлуката на словенечката Влада која вчера со САД потпиша изјава за безбедноста на 5G технологијата.
Иако изјавата за безбедносните услови за воведување на 5G технологија, новата генерација на телекомуникациски мрежи со поголем капацитет и опсег , а која е потпишана од американскиот државен секретар Мајк Помпео и словенскиот министер за надворешни работи Анже Логар, не го споменува дословно Huawei во таа компанија мислат дека станува збор за покажување дискриминација која ја наметнуваат САД, и одбиваат сомнеж дека Huawei технолошката опрема може да се искористи за шпионирање на сметка на кинеската држава.