Двајца жители на Порој се полесно повредени во сообраќајната незгода кога во нивното патничко возило марка „цитроен” удрил воз кој се движел на релација Скопје-Кичево. Сообраќајката се случи вчера околу 18 часот на преминот кај селото Порој, при што автомобилот е целосно уништен.
– Во сообраќајката се повредени Б.С (22) и Б.Н (39) и двајцата од селото Порој. Биле однесени во клиничката болница Тетово но по пружената лекарска помош се пуштени на домашно лекување. Поради сообраќајката од 1:.45 до 20:20 часот железничкиот сообраќај беше во прекин, информираше Фатмир Реџепи, од службата за односи со јавноста при СВР Тетово.
Вчера во текот на денот на локалниот пат с.Пирок-с.Раковец, повредени се уште уште четворица откако со возило излетале од патот.
-Патничко моторно возило „форд фиеста” со тетовски регистарски ознаки, управувано од Б.К.(49) од с.Камењане, излетало од патот. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот Ј.С.(41) од с.Пирок, а со телесни повреди се здобиле другите сопатници А.С.(46), А.С.(66) и М.С.(67), сите од с.Пирок, констатирани во Клиничката болница Тетово., соопшти СВР Тетово.
Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Тетово.