Викендов нестабилно, со пороен дожд и грмежи – ММС
ММС

Објавено на: 08/14/20 10:43 AM

Викендов нестабилно, со пороен дожд и грмежи

За време на викендот времето во повеќе делови од земјава ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, (некаде и над 10 литри за три часа), засилен ветер и појава на град.

Како што информира УХМР, локален пороен дожд и грмежи во попладневните часови ќе има и од понеделник.

Денеска ќе се задржи сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне се очекува изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи, претежно во посеверните и планинските подрачја. Максималната температура ќе биде од 29 до 36 степени.

Утре температурата ќе се движи од минимални 13 степени во Берово до 33 во Гевгелија. Во недела, пак, максималната температура ќе биде 31 степен.