Пентагон формира работнна група за истражување на НЛО – ММС
ММС

Објавено на: 08/14/20 9:25 AM

Пентагон формира работнна група за истражување на НЛО

Министертсвото за одбрана на САД соопштило дека е донесена одлука за формирање на работна група за истражување на неидентификувани летечки објекти со кои наводно се сретнале американските воени пилоти, пренесува Си Ен Ен.

Се вели дека работната група  ја предводи заменик-секретарот за одбрана на САД, Дејвид Норквист, и се очекува таа да биде официјално претставена пред јавноста во наредните неколку дена.

Американската телевизија потсетува дека на оваа тема неодамна била изразена загриженост во американскиот Конгрес и не е исклучено овие објекти што летаат да бидат произведени на Земјата, односно дека тие припаѓаат на „потенцијални противници“.

Патем, од крајот на Втората светска војна, Соединетите држави постојано формираа работни групи на различни нивоа за прашањето на НЛО-истражувањето.

Да потсетиме, кон крајот на април, Пентагон објави видео од неидентификувани летачки објекти со кои се потврдуваат инцидентите што се случиле во 2004 и 2015 година.

Видеата се снимени од пилотите на морнарицата на САД, кои со години „кружат“ на социјалните мрежи. Едно снимање е направено во ноември 2004 година, а останатите два во јануари 2015 година.

Преземено од: https://rs-lat.sputniknews.com/