Кралството Бутан вчера нареди ригорозни мерки поради една заразана жена со коронавирус, која, по враќањето од Кувајт, првично била негативна на тестирањето за време на задолжителниот карантин, но следниот тест покажал присуство на коронавирус.
Сепак, до вториот тест, жената, како што пренесуваат агенциите, имала контакт со повеќе од 210 луѓе.
Поради овој случај, владата на Бутан нареди затворање на сите училишта, институции, канцеларии и на фабриите во таа азиска земја. Првото затворање од почетокот на пандемијата ќе трае помеѓу една и три недели.
Во Бутан од почетокот на пандемијата досега се регистрирани само 128 заразени со коронавирус, без ниту еден починат.