Директорот на Институтот за јавно здравје, Бобан Мугоша, изјави денеска дека Црна Гора ќе ги отвори своите граници за Македонија од утре.
„Црна Гора ќе ги отвори своите граници со Србија, Босна и Херцеговина, Албанија, Косово, Северна Македонија и западноевропските земји од утре“, објави Мугоша, пренесува Cdm.me, додавајќи дека епидемиолошката состојба со коронавирусот се подобрува во овие земји.
Тој рече дека денеска ќе се одржи електронска седница на Националното координативно тело, на која ќе бидат дефинирани начините за влез во Црна Гора од споменатите земји. За влез во Црна Гора, најверојатно ќе биде потребен ПЦР негативен тест или серолошкиот ЕЛЕСА, рече Мугоша.
Според него, било решено да се отворат границите со овие земји на барање на туристичкиот сектор.