Самодовербата доаѓа сама од себе, но родителите понекогаш се во ситуација кога сакаат да му помогнат на своето дете, а не знаат како. Сепак, со секојдневните постапки и зборови можете да му помогнете на детето да биде задоволно само со себе, а со тоа да се зголеми и неговата самодоверба. Фокусот мора да биде ставен на она што ќе му овозможи чувство на самостојност. Со неколку мали чекори може да направите големи работи.
Доколку вашето дете добие добра оценка на училиште или пак, пофалба од професорот, „почастете“ го со нешто. На пример, може да му дозволите да остане будно подолго одошто вообичаено или некоја вечер да одбере филм за гледање од страна на целото семејство. Сепак, доколку го наградувате детето за секое негово добро дело, таквите награди ќе станат бескорисни. Не воздржувајте се да раговарате со него за неговите грешки. Сосема нормално е детето понекогаш да згреши, но и да му дадете до знаење дека не мора се’ да биде совршено. Укажете му на детето дека од грешките се учи.
За да му биде подобро на детето, тоа мора да има чувство на самостојност. Тоа најдобро се постигнува преку дозвола само да си ја одбере својата облека, или пак само да одбере која книга ќе ја чита. Исто така, може да му дозволите на детето тоа да одлучи што да се зготви за ручек или вечера.
Не покажувајте ја вашата несигурност пред детето, независно дали се работи за деловен или некој друг тип на проблем. Децата ќе бидат мотивирани доколку дома имаат позитивен пример што ќе им служи како ѕвезда водилка кон остварувањето на нивните цели.
Извор: zenskikutak.hr