Со соодветна храна до поздрави нокти – ММС
ММС

Објавено на: 08/13/20 7:00 PM

Со соодветна храна до поздрави нокти

Вашите нокти може да станат многу чувствителни, особено кога има чести температурни промени. За да имате јаки и здрави нокти, потребно е да јадете здрава храна. Во продолжение прочитајте листа со повеќе намирници кои ќе придонесат да имате силни и здрави нокти во текот на целата година.

Пилешко

Пилешкото месо е еден од најдобрите извори на протеини, а многу е важно нив да му ги обезбедите во доволна количина на вашето тело. Освен што ноктите ќе бидат поздрави, ќе им го вратите и природниот сјај. Исто така, протеините може се доста застапени и во јајцата, морските плодови и во житарките.

Банана

Бананите се сметаат за едни од најдобрите намирници за зајакнување на ноктите поради високото ниво на витаминот Б7 (биотин) кој се содржи во нив, а тој е неопходен за зајакнување на ноктите. Експертите се едногласни во тоа дека недостигот на овој витамин може да резултира со кршливи и чувствителни нокти. Овој витамин може да се најде исто така и во лососот и во кикириките.

Јајце

Жолчката од јајцето е богата со сулфур, кој му помага на вашето тело во одржувањето на рамнотежата на киселините. Доколку сакате здрави и јаки нокти во исхраната може да вметнете и сирење или ореви.

Цинк

Цинкот е неопходен за вашиот имунитет бидејќи игра голема улога во формирањето на сврзното ткиво. Цинкот може да се најде во индиските ореви, сојата и јастогот.

 

Извор:   zenskikutak.hr