Откако минатиот месец Фекзбук понуди да плати 650 милиони долари на оштетените, на име порамнување поради нелегалното прибирање биометриски податоци од корисниците, оваа компанија повторно се најде на суд.
Тужбата поднесена оваа недела во Калифорнија, го обвинува Истеграм, чии сопственик е Фејзбук, за прибирањето, архивирањето и придобивките од податоците на повеќе од 100 милиони корисници, без нивно занење и согласност.
Според наводите од тужбата, таквото дејствување е во судир со законот за приватност на државата Илионис, која забранува неовластено собирање на податоци, пишува Bloomberg.
Така, Фејзбук , по завршувањето на постапката , може да биде принуден на оштетените корисници да им плати по 1000 долари или дури 5000 по прекршок, ако се докаже дека тоа е направено од немарност или со намера.