Спасени се два риса да не станат нечија крзнена бунда (ВИДЕО) – ММС
ММС

Објавено на: 08/13/20 1:25 PM

Спасени се два риса да не станат нечија крзнена бунда (ВИДЕО)

Анастасија Познијак е голема љубителка на животните. Има осум кучиња, шест хаски и еден самојад. Иако од секогаш сакала мачки, чувстувала дека нема да е сигурна ако ја донесе во дом полн со кучиња. Одлучила да пронајде мачка со која нејзините кучиња ќе сложуваат, па по одреден период дознала дека во нејзина близина постои фарма за крзна на кои се одгледуваат рисови.

Бундите од крзно од рис прилично се популарни во Русија. Набрзо дознала дека законски е да се земе младенче рис и да го одгледува.

„Вдомив мал рис чија судбина била да стане крзнен капут. Го нареков Гералт. Иненадувачки е што кучињата брзо ми помогнаа за грижата околу Гералт. Тие си играа со рисот, дури дозволила и да им краде од храната“, раскажала Анастасија.

„Беше тоа долг пат, но му ја дадов сета љубов и успеав успешно да го изгледам и скротам. Тој е нешто помеѓу мачка и куче. Кога Гералт имаше една година, спасив уште еден рис, овој пат женка. Го доби името Булочка, што значи „зајак“ бидејќи изгледа толку слатко“, раскажала таа.

Рисовите инаку сакаат самечки живот и Анастасија мислела дека двете диви мачки нема да се согласуваат но тие станале нераздвојни.

„Уживаат да бидат еден со друг, дури и да спијат со споени усни“, открила Анастасија.

Преземено од: https://www.index.hr/