По двајца жители на Желино и Пирок ноќеска после полоќ се пресметувале физички, по што употребиле и тврди и остри предмети. Тројца од четворицата се приведени.
-На улица „Илинденска” во Тетово настанала физичка пресметка помеѓу Н.Л.(28) и А.Б.(29) двајцата од Желино, од една страна и Ј.Ф.(41) и неговиот син М.Ф.(19) од Пирок. Притоа биле употребени остри и тврди предмети. А.Б., М.Ф. и Ј.Ф. биле лишени од слобода и задржани во Полициска станица Тетово, соопшти денес СВР Тетово.
Случајот се документира и ќе следуваат соодветни пријави за учесниците на настанот.