Средба Заев – Ахмети: Не се откриваат детали, за преговарачкиот процес не стане медиумски – ММС
ММС

Објавено на: 08/13/20 12:03 PM

Средба Заев – Ахмети: Не се откриваат детали, за преговарачкиот процес не стане медиумски

Јас ја разбирам целосно вашата работа, од тоа живеете, но и тоа ви е обврската пред граѓаните кои што ве следат преку медиуми, му се обрати Заев на новинарот од Алсат Телевизија , откако му го постави прашањето дали денеска тој ќе има средба со лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

„Исто времено се обидуваме да ги дадеме сите можни информации се до онаму каде нема да нарушиме перспективи на успешен преговарачки процес. И затоа ќе кажам дека денеска ќе имам средба со претседателот на ДУИ, Али Ахмети ги продолжуваме разговорите имаме успех во многу аспекти, но имаме прашања кои се уште не ни се затворени, а се по прилично сериозни прашања. За деталите на прашањата не би разговарал, со што медиумски би станал преговарачкиот процес и нема да бид еод помош, но веднаш штом ќе направиме успех и исчекор тоа ќе го соопштиме. Се надевам на успех, граѓаните не определија ни даде насоки кој со кого да преговара треба да се испочитува. Граѓаните кажуваат кој со кого треба да седне да ги направи сите можни напори, но како што реков опциите постојат. На крајот на денот нашата земја Република Северна Македонија треба да има Влада, час поскоро за да може да се зафати со предизвиците со пандемијата но и со сите домашни предизвици, па и меѓународни, преговарачкиот процес со ЕУ, Берлинскиот процес кој што следува и итн“, изјави Заев.