Главното пристаниште во Мозамбик го зазедоа екстремисти поврзани со Исламска држава – ММС
ММС

Објавено на: 08/13/20 9:18 AM

Главното пристаниште во Мозамбик го зазедоа екстремисти поврзани со Исламска држава

 

По повеќедневни борби, екстремисти поврзани со Исламска држава го зазеле клучното пристаниште во Мозамбик. Според информациите, владините сили што биле во крајниот северен град Мосимбоа да Праја избегале, повеќето со чамци, откако исламистите упаднале на пристаништето, пренесува Би-би-си.

Во последните неколку месеци милитантите зазедоа голем број градови на северот на Мозамбик, раселувајќи десетици илјади луѓе.