(Видео) Рај за богаташи во време на криза- Гнездо во кое се заштитени од останатиот свет – ММС
ММС

Објавено на: 08/12/20 8:42 PM

(Видео) Рај за богаташи во време на криза- Гнездо во кое се заштитени од останатиот свет

Рај за богатите во време на криза се гради на брегот на Атлантскиот Океан, во мексиканското одморалиште Тулум. Среде џунглата каде живееле  Маите, во тек е изградба на луксузен комплекс во форма на гнездо, во кој богатите се заштитени и одвоени од светот.

Проценката на шпанските архитекти кои се автори на овој хотел била дека богатите луѓе ќе избираат места каде гужвата е помала. Иако Тулум е добро познато летно одморалиште, тие замислиле комплекс во кој ќе бидат издвоени богатите.

Комплексот со површина од повеќе од 46.000 квадратни метри е сè уште во изградба, а започна во 2016 година. Треба да има 204 станови, 167 соби и 16 приватни вили.

Како што изјавиле од шпанската архитектонска куќа што го дизајнирала комплексот, тие сакале да понудат „простор на луксуз и удобност, што овозможува бегство од секојдневниот живот“. Додаваат дека гостите ќе можат да се „исклучат и да уживаат во широк спектар на услуги ориентирани кон лична релаксација и удобност“. Комплексот е составен од неколку гнезда, и секое функционира како независна единица. Секој има огромен базен во средина и многу  други активности и може да функционира целосно одвоен од надворешниот свет, иако е близу до морето.

Според нив, формата на гнездото е избрана затоа што обезбедува „исконско чувство за безбедност напишано во нашите гени“ и во нив „луѓето се чувствуваат заштитени и посветени на себе“.

Инвеститорот е најголемата мексиканска компанија за недвижнини.

Извор: sputniknews.com