При правењето на вакцината против вирусот корона, на научниците им помогнаа информациите добиени при развојот на серумот против ебола, а се користеше истата технологија, изјави директорот на Националниот истражувачки центар „Гамалеј“, Александар Гинцбург.
– Станува збор за иста технологија, иста технолошка платформа. На еболата за прв пат е тестирана ефикасноста на технологијата на векторско внесување гени во човечките клетки за правење вакцина – рече тој.
Како што рече тој, таа технологија е направена за внесување гени во човечкото тело со друга цел – целта на лекување на болеста со помош на генетска терапија. Меѓутоа, истата технологија сега успешно се користи за правење вакцини.
Според него, станува збор за технологија која може прецизно, до еден нуклеотид, до една аминокиселина, да ја одреди дозата што треба да се воведе во организмот со цел да се произведе одреден вид на имунолошки одговор.
Гинцбург посочи дека со помош на таа технологија, пресметано е каде ќе се синтетизира антигенот на Ковид- 19 и како ќе се транспортира.
Покрај тоа, тој рече дека вакцината нема да влијае на здравјето на една личност.
Треба да се потсетиме дека на 11 август Русија беше прва на светот што регистрираше вакцина против вирусот корона. Вакцината е направена од центарот „Гамалеј“ и Министерството за одбрана на Русија.
Извор: alo.rs