Љубовта секогаш е опасна: Најубавите цитати од Гијом Мисо! – ММС
ММС

Објавено на: 08/12/20 8:01 PM

Љубовта секогаш е опасна: Најубавите цитати од Гијом Мисо!

Писателот, Гијом Мисо стекна слава со неверојатна брзина и успеа да го освои срцето на бројни читатели ширум светот. Мисо е еден од омилените француски писатели. Роден е во 1974-та година, а неговите дела се преведени на повеќе од 36 јазици.

Тој е познат по мудрите зборови, а кои се најпознатите цитати од неговите книги прочитајте во продолжение:

Ако ги погазиме сопствените зборови, сме погазиле се’.

Судбината е изговор за оние што одбиваат да преземат одговорност за сопствениот живот.

Понекогаш мораме да ја завртиме следната страница за да може на неа да напишеме нешто ново. Светот нема ништо да ти подари. Ако сакаш да имаш живот, укради го.

Најубавите години се оние кои допрва треба да се доживеат.

И со последниот здив сфаќам се’ – дека времето не постои, дека животот е единственото нешто што го имаме и никогаш не треба да го презираме.

Ништо не може да измами повеќе од фотографијата – веруваме дека сме овековечиле еден среќен момент, но всушност само сме создале носталгија.

Љубовта секогаш е опасна. Да се сака значи да се надеваш и покрај ризикот да изгубиш се’. Понекогаш сакањето подразбира прифаќање дека ќе сакаш повеќе отколку што ќе бидеш сакан.

 

Извор: zenskikutak.rs