Силно невреме со грмотевици погодија попладнево делови на далматинската загора. Невремето најсилно го зафати регионот на Цетиње. Порталот Далмација денес објави видео од читател, во кое се гледа како автомобилите морале да застанат поради силното невреме проследено со град и силни налети на ветер што ги свитка дрвјата и го отежна сообраќајот.
Според веб-страницата Pljusak.com, дури 32 литри дожд на метар квадратен паднале во Сињ од 13 до 16 часот. Имало и порој на патиштата. Температурата на воздухот се спуштила од 33 на 19 степени за само половина час.
Извор: index.hr


