Република Српска и понудила аванс на Русија со цел навремено да обезбеди вакцина против коронавирус, изјави денеска премиерот на Република Српска Радован Вишковиќ. Русија вчера регистрираше вакцина против вирусот корона.
Вишковиќ рече дека претставниците на РепубликаСрпска уште претходно имале информации за вакцината, затоа што биле во контакт со Амбасадата на Руската Федерација во БиХ.
– Вакцината првично е планирана за пазарот на Руската Федерација, но во моментот тие се во разговори со одредени компании од областа на производство на лекови и медицинска опрема, со цел да се потпише договор за некои од тие компании да се произведуваат за друг пазар – рече Вишковиќ а пренесува РТРС.
Вишковиќ изјави дека не е во состојба да ги даде сите информации, но рече дека и некои земји во регионот преговараат за добивање лиценца за производство на вакцината.
– Она што е важно за нас е дека Република Српска и БиХ преговараат , на некој начин, застанеме во ред за вакцина, штом таа се појави на пазарот – рече Вишковиќ.
Извор: informer.rs
Фото:tvmost.info