Од патни трошоци се откажа и генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев.
Тој тоа го објави на својот Фејсбук профил. -Лично како пратеник нема да користам патни трошоци, ама морам да искоментирам во однос на тоа од СДСМ, џабе откажување од патни трошоци кога ја покрадовте државата и народот, напиша Јанушев на Фејсбук.
Претходно денеска генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски на Твитер објави дека тој и партискиот лидер Зоран Заев потпишале изјави за откажување од средствата што им следуваат на име на патни трошоци.
– Укинувањето на патните трошоци за пратениците е изборно ветување на СДСМ. За да дадеме пример, вчера заедно со претседателот на СДСМ, Зоран Заев, ги потпишавме изјавите со кои јас и тој, официјално се откажуваме од средствата кои ни следуваат на имe на патни трошоци, наведе Николовски во твитот.