Светски ден на слоновите- борбата за опстанок на загрозениот вид продолжува – ММС
ММС

Објавено на: 08/12/20 2:25 PM

Светски ден на слоновите- борбата за опстанок на загрозениот вид продолжува

Слоновите треба да бидат славени и заштитувани секој ден во годината, но 12-ти август е забележан како светски ден на слоновите, годишен настан во чест на слоновите низ целиот свет. Овој ден се слави од 2012 година, кога Патриција Симс и невладината фондација од Тајланд ” Elephant Reintroduction” го започнаа одбележувањето на празникот посветен на слончињата низ целиот свет.

Слоновите се загрозен вид. За споредба, ако во 1989 година во Африка имало 600.000 единки, сега бројката е околу 415.000 слонови. Многу фактори влијаат на растот на популацијата на слоновите, но еден од главните е ловокрадството.

По повод светскиот ден на слоновите, упатија порака и од Зоолошката градина Скопје:

„World Elephant Day- Денот кога им е празник на нашите Дуња и Даела. Ден на кој се бориме за опстанок на слоновите  “ , стои во FB Објавата од Зоолошка градина Скопје.

 

 

 

Фото : Facebook