Банана тирамису: Кремасто и сочно совршенство кое не се заборава – ММС
ММС

Објавено на: 08/12/20 11:54 AM

Банана тирамису: Кремасто и сочно совршенство кое не се заборава

Направете лесен и брз десерт со банана.

Состојки:
4 банани
500 грама маскарпоне сирење
1 прстофат сол
80 грама шеќер во прав
3 јајца
1 пакетче ванилен шеќер
2 пакетчиња бисквити
¼ литар кокосово млеко
¼ литар кокосов ликер

Подготовка:
Изматете јајца, шеќер, сол и ванилен шеќер да добиете пенеста смеса, додајте маскарпоне сирење, лажичка по лажичка. Измешајте млеко и ликер од кокос, во кој добро ќе ги натопите бисквитите. Послужете во чаша за десерт со крем, со исецкани банани, завршете со слој крем. Тирамисуто оставете во фрижидер да отстои во текот на ноќта. Прелијте го десертот со какао во прав.