Фејсбук отстрани седум милиони објави со лажни информации за корона – ММС
ММС

Објавено на: 08/12/20 10:03 AM

Фејсбук отстрани седум милиони објави со лажни информации за корона

Фејсбук отстранил околу 22,5 милиони постови за говорна омраза на својата апликација во вториот квартал на оваа година, а 9,6 милиони во првиот.

Фејсбук објави дека отстрани седум милиони објавувања во второто тримесечје од оваа година поради споделување на лажни информации за новиот коронавирус, вклучително и содржина што промовирала лажни превентивни мерки и лекови, пренесува Ројтерс.

Фејсбук ги објави податоците како дел од шестиот извештај за усогласеност со стандардите на однесување на социјалната мрежа, воведен во 2018 година, заедно со построги правила за пристојност, по критиките дека компанијата е блага во контролата на содржината на своите платформи.

Компанијата посочи дека ќе покани независни експерти да ги проверат извештаите, почнувајќи од 2021 година, пренесува Хина.

Фејсбук отстрани околу 22,5 милиони објавувања на говор на омраза на својата апликација во вториот квартал од оваа година и 9,6 милиони во првиот.

Тој исто така избришал 8,7 милиони објавувања поврзани со екстремистичките организации, споредено со 6,3 милиони во претходниот период.

Притоа, тој повеќе се потпираше на вештачката интелигенција во текот на април, мај и јуни бидејќи имало помалку работници во канцелариите поради пандемијата на коронавирус.

Преземено од:https://www.vijesti.me/