Млад музиар од сојузната нигериска држава Кано е осуден на смрт со бесење поради богохулење над пророкот Мухамед.
Вишиот шеријатски суд го прогласи Јахај Шарифа (22) за виновен поради песна која е опшишана како навреда за пророкот Мухамед. Рокот за поднесување жалба на пресудата е 30 дена. Во меѓувреме, демонстранти ја запалиле куќата на младиот пејач зашто песната ја објавил на една социјална мрежа.
Кано е една од 12. држави на северот на Нигерија каде што е на сила шеријатскиот закон.