Џо Бајден ја избра сенаторката од Калифорнија Камала Харис за потпретседателска функција, што ја направи прва црна жена што е именувана на изборно ливче на голема партија за претседателски избори.
Како жена од индиско потекло, таа исто така прави историја како прва значајна Јужно-азиска Американка која е кандидатка за општи избори.
„Имам голема чест да соопштам дека ја избрав Камала Харис — бестрашен борец за малиот чивек, и една од најдобрите јавни службеници — за потпретседателка“, напиша на Твитер Бајден во вторникот попладне. „Заедно, со вас, ние ќе го победиме Трамп“, јавува „Гласот на Америка“.