Кога телото и умот сигнализираат дека е време да паузирате од се’? – ММС
ММС

Објавено на: 08/11/20 7:15 PM

Кога телото и умот сигнализираат дека е време да паузирате од се’?

Телото и умот постојано праќаат сигнали за границите на издржливоста, но луѓето понекогаш ги занемаруваат. Постојат денови кога се’ ви доаѓа „преку глава“, но продолжувате понатаму убедувајќи се дека се’ е во ред. Навидум се’ изгледа добро, иако вие можеби имате чувство дека веќе се’ ве нервира и се’ ви пречи. Сепак, постојат неколку знаци кои јасно упатуваат на тоа дека е време за пауза, дека треба да се дистанцирате од вашите обврски и од стресот, односно од се’ она што ви доздава психички и физички немир и ви ја одзема енергијата. Во тој момент, време е за нов почеток.  Со правилно толкување на знаците што ви ги праќаат умот и телото си давате шанса на самите себе да бидете подобри.

Доколку често велите дека не можете да се натерате себеси на работа, тоа е доволен знак дека треба да си се посветите на себе и да пронајдете нова инспирација. За да бидете креативни и полни со елан потребно е да се „нахраните“ духодно, што значи да правите нешто што ви годи како на пример шетање во природа, читање книга и слично.

Емотивното прејадување исто така претставува знак дека треба да успорите и да ги совладате своите емоции на поразличен начин. Доколку грицкате кога всушност не сте гладни, можно е да имате прблем со прејадувањето. Прашајте се самите себе дали навистина сте гладни или јадете затоа што можеби сте анксиозни. Доколку се работи за второто, подобро е да прошетате, да поуживате во топла купка или да поразговарате со некоја личност која ви е блиска, ако воопшто ви е до разговор.

Многу луѓе денес се трудат во исто време да завршат што е можно повеќе обврски. Таквиот мултитаскинг впрочем може да ве извади од такт.  Експертите советуваат дека не мора се’ да завршите сега. Во спротивно побарајте помош околу вашите обврски.

„Пукате“ кон оние што ги сакате

Често се провлекува мислењето дека оние што најмногу ги сакаме, помалку ги штедиме од луѓето кои не ни се ништо во животот. Со странците сме фини и трпеливи, но затоа голем дел од работите во семејството не ги толерираме. Доколку ве фрустрираат некои секојдневни ситуации што предизвикуваат „пукање“ кон блиските, време е да вдишете длабоко и да поставите приоритети.

Доколку сте ја гледале серијата „Сексот и градот“ сигурно се сеќавате на ситуациите кога Шарлот, откако доживеа нервен слом поврзан со желбата да биде совршена мајка, сопруга и домаќинка се сокри за да не ја видат дека плаче. Тоа е тој момент што не се случува само  во филмовите, туку понекогаш навистина може да ви биде потребно да се дистанцирате од се макар на 15 минути. Тишината и изолацијата понекогш се пресудни за менталното здравје. Во тие моменти може да осознаеме што е тоа што не довело во ситуација кога едноставно не можеме понатаму. Затоа од пресудно знаече е да го слушаме нашето тело бидејќи знаците секогаш се овде, а при тоа не е срамно да се побара помош бидејќи никој од нас не е семоќен.

Важно е да се направи пауза и работите да се согледаат реално. Тоа нема да не’ направи себични егоисти, бидејќи сите луѓе сме од крв и месо. Доколку сметате дека не можете да излезете на крај со проблемите, обратете се кај стручни лица. Вдишете длабоко и чекор по чекор тргнете на патот што води кон вашата подобра состојба.

 

Извор: Objektiv.rs