Протестите во Бејрут продолжуваат и по оставките во владата – ММС
ММС

Објавено на: 08/11/20 1:31 PM

Протестите во Бејрут продолжуваат и по оставките во владата

Трети ден по ред се одржуваат протести во Либанскиот главен град Бејрут, како резултат на разорната експлозија која уби над 200 луѓе.

Премиерот Хасан Диаб за експлозијата ја „обвини“ долгогодишната корупција, но не презеде никаква одговорност.

Експлозијата се верува дека настана поради 2,750 тони амониум нитрат кој бил складиран во пристаништето цели шест години, без никакви безбедносни мерки.

Либан во моментот кога се случи експлозијата се наоѓаше во тешка економска криза.

Демонстрации имало уште од Октомври, а демонстрантите барале целосна реконструкција на владата која ја обвинуваат за корупција.

Премиерот Диаб влезе во парламентот во јануари, по неколку оставки во владата. Тој за експлозијата во понеделникот ја обвини корупцијата на претходната влада.