На последната седница на Советот на Општина Делчево, советниците одлучија новиот пешачки мост на река Брегалница во Делчево да го носи името на патронот на градот Гоце Делчев.
– Согласно со одлуката, именувањето на мостот „Гоце Делчев” е определено врз основа на утврдената листа на имиња од Владата, усвоена од Советот на Општина Делчево. Името на мостот ќе биде напишано на македонски јазик и неговото кирилско писмо. За името ќе бидат поставени табли согласно со начинот и со условите предвидени во Законот за определување имиња на улици, полоштади, мостови и други инфраструктурни објекти, стои во образложението од одлуката.
Одделението за урбанизам, заштита на животната средина, комунални дејности и сообраќај оваа одлука ќе ја спроведе во следниот период.
Иницијативата пешачкиот мост во Делчево да го носи името на патронот на градот Гоце Делчев, како што беше истакнато на седницата, е на предлог на делчевскиот градоначалник Горан Трајковски.
MИА