Протестите во Чикаго се претворија во ноќ на насилство и грабеж на брендирани продавници – ММС
ММС

Објавено на: 08/11/20 8:48 AM

Протестите во Чикаго се претворија во ноќ на насилство и грабеж на брендирани продавници

Полицијата во Чикаго ќе го ограничи пристапот до центарот на градот по ноќите насилство и грабежи, особено на брендирани продавници. поради извештаите дека полицијата наводно застрелала еден човек.

Началникот на полицијата Дејвид Браун изјави дека движењето ќе биде ограничено од 20 до 6  часот, а големо полициско присуство ќе има до понатамошно известување. Тој истакнал дека „срамното уништување“ е поттикнато од дезинформација дека полицијата во неделата застрелала осомничен. На видеа објавени на социјалните медиуми се гледаат стотици луѓе како ограбуваат и се судираат со полицијата.

Чикашката полиција вчера уапси повеќе од 100 лица за грабеж, нарушување на јавниот ред и напади врз полицијата. Таа пријавила и размена на оган со осомничени во раните утрински часови.  Вкупно 13 полицајци биле повредени во текот на ноќта, меѓу кои еден бил погоден со шише, а еден цивил и еден полицаец биле ранети од огнено оружје.