Додека сезоната 2019/20 во европските натпреварувања сè уште трае, во меѓувреме тимовите кои ќе се натпреваруваат во првото квалификационо коло во најсилните европски клупски натпреварувања, Лига на Шампиони и Европа Лига, ги добија своите противници за претстојната 2020/21.
Овојпат без шампионот Вардар, борба за европска есен и тоа во ЛШ од првото коло ќе води екипата од Кратово, Силекс. За разлика од останатите македонски претставници, кратовачни се чини дека добија најтежок опонент. Довчерашниот учесник во групата фаза во ЛШ, Карабах, уште од почетокот ќе се судри со македонскиот тим.
Шкендија и Шкупи, исто така добија противници од Азербејџан во првото коло од квалификациите за Европа Лига. За волја на вистина, нијанса помалку квалитетни од противникот на Силекс. Шкупи во Скопје ќе го дочека Нефчи, учесник во групната фаза на Европа Лига пред неколку години, додека пак Шкендија исто така на „Градски“ ќе го дочека тимот на Сумгајит.
И двата македонски тимови имаат изгледни шанси, со оглед на тоа дека активно фудбал во Азербејџан не се игра од март, од времето кога поради пандемијата на коронавирусот фудбалот практично застана во место. Другата предност е во тоа што поради настанатите околности и опасноста од патување на противничките екипи, патникот за пролаз во второто коло ќе се одлучува во еден единствен меч.
Клубот од Џепчиште, Ренова, како противник во првото квалификационо коло за Европа Лига го извлече тимот од Ерменија, Алашкерт.
Останатите двојки во првото коло од Европа Лигата се: Марибор-Колераин/Ла Форита, Ритераи-Дери Сити, Зрињски-Диферданже, Розенборг-Бреидблик, Хамарби-Пушкаш Академија, Вентспилс-Динамо Тираспол, Архус-Хонка, Д Њус Сеинтс-Жилина, Номе Каљу-Мура, Аполон-Сабуртало, Партизан-РФС, Ботусани-Ширак,