Туристичките агенции на работ на егзистенцијата  – ММС
ММС

Објавено на: 08/10/20 9:50 AM

 Туристичките агенции на работ на егзистенцијата 

На Охридско езери или пак на Јадран кај нашиот западен сосед. Ова се најчестите дестинации за летен одмор, за кои се одлучуваат жителите од полошко.


Од Туристичките агенции, велат дека  плажите во соседна Албанија се полупразни, оваа дестинација можеби е најповолна во време на коронавирусот, ако знаеме дека плажите се огромни и тоа е голема можност за одржување на потребната физичка дистанца.

Здравствените работници пак, велат дека секое одење на плажа е ризик. Таму задолжително треба да се почитуваат здравствените препораки.  

 И додека ризикот за одење на плажа е голем, Шара нуди одлична можност за добар одмор во летниот период со свежи температури и добри места кои можат да се посетат. Но, навиката и традицијата на лето да се оди на море или езеро се уште е присутна кај домашните туристи. Попова Шапка или воопшто Шара и во овој период од годината е речиси празна.    

Зоран Димовски