Соголени терени на Шар Планина, бесправно се сече дрва во недопрената природа – ММС
ММС

Објавено на: 08/10/20 9:48 AM

Соголени терени на Шар Планина, бесправно се сече дрва во недопрената природа

На Шарпланинскиот масив помеѓу Долна и Горна Лешница има уништена огромна површина на шума. Од Планинарските друштва, велат дека низ ова планинско подрачје секаде бесправно се сече, најлошо е што оваа девијантна појава е организирана.

Тој додава дека со соголени терени повеќе нема да може да се промовира Шара пред странските туристи. Ако сакаме развој на туризмот, мора оваа појава што поскоро да се спречи.

Од Шумската полиција, велат дека има дрвокрадство, но не  во големи размери, како пред неколку години. Оттаму сметаат дека оваа појава  може да се намали само ако државата воведе реконска полиција на планинските подрачје, така секој реон на планината бил имал поголема контрола од страна на полицијата.  

Зоран Димовски