„Дикија Ченг“ подземниот град во Пекинг подготвен за нуклеарен напад (ВИДЕО) – ММС
ММС

Објавено на: 08/9/20 6:51 PM

„Дикија Ченг“ подземниот град во Пекинг подготвен за нуклеарен напад (ВИДЕО)

Засолништата познати како Дикија Ченг никогаш официјално не ја откриле вкупната големина на комплексот, ниту точната локација на сите тунели, но за нив се верува дека зафаќаат површина од повеќе од 50 километри и ги поврзуваат главните владини згради, пренесува британскиот „Експрес“.

Тензиите меѓу Кина и Советскиот Сојуз за време на Студената војна го достигнале врвот во 1969 година со сино-советскиот конфликт на границата. Затоа Кина беше во голема подготвеност за реалната можност за војна во целост, а подземниот град беше создаден како големо засолниште од нуклеарен напад.

Поранешниот претседател на Народна Република Кина, Мао Цедонг ги повика граѓаните да „ископаат длабоки тунели, да подготват храна и да се подготват за војна“, па околу 300 000 цивили учествуваа во изградбата на огромно засолниште.

Тие, под водство на воени инженери, создадоа голема тунелна мрежа од околу 10,000 атомски бункери. Изградени се и ресторани, театри, магацини, фабрики, фарми, спортски објекти и сè друго што на заедниците можеби ќе и треба за да преживеат нуклеарна војна.

Дури и воздушната вентилација може да се изврши од надворешниот свет, а според некои извори, тогашната влада се пофалила дека може да го смести целото население на централниот дел на Пекинг во засолништето, пренесува Спутник.

https://www.youtube.com/watch?v=pYayqGwW17A&feature=emb_title

Дикија Ченг никогаш не била користена, така што во осумдесеттите години на минатиот век, неколку оддели биле предадени на локалните власти, кои ги претвориле во канцеларии и продавници.

Сепак, поголемиот дел од подземниот град е во приватна сопственост и многу сопственици на оддели ги претворија своите бункери во мали станбени единици.

Некои жители живеат тука со децении, додека за други, живеењето под земја беше привремена станица додека не се преселат во стан над земјата.

Сепак, поради загриженоста за опасност по безбедноста на станарите, во 2010 година, властите во Пекинг одлучија дека нуклеарните засолништа повеќе не можат да се користат во станбени цели.

Преземено од: https://www.b92.net/