Трисет годишен граѓанин на Република Косово, вчера на Граничниот премин Табановце, околу 21 часот и 30 минути на излез од Република Северна Македонија, при вршење на пасошка контрола не приложил ’’изјава’’ (за влез со ПЦР тест или транзит) со што постапил спротивно на член 206 од Кривичниот законик на Република Северна Македонија (непостапување според здравствени прописи за време на епидемија).
Од извршените проверки констатирано било дека тој не евидирал дека имал остварено влез во Република Северна Македонија (после 04.02.2020 кога на Граничниот премин Блаце имал остварено излез од Република Северна Македонија). Т.С. (30) бил лишен од слобода и предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.