Сината гробница повторо стана достапен за бањање: Грците поставија лежалки (ФОТО) – ММС
ММС

Објавено на: 08/9/20 11:48 AM

Сината гробница повторо стана достапен за бањање: Грците поставија лежалки (ФОТО)

Островот Видо, кој се наоѓа на десет минути возење со брод од грчкиот остров Крф за српскиот народ е многу значаен, а од 7 ми август таму се поставени лежалки за туристи.

На островот во текот на Првата светска војна се наоѓала болница, во која биле сместени српски ранети војници, кои ја поминале Албанската голгота. Денеска на тоа место се наоѓа мавзолеј, во кој се погребани 2.764 познати и непознати српски војници.

https://www.facebook.com/snerantzes/posts/3128299657265547

Од 7 ми август оваа година на островот се поставени лежалки и чадори, кои граѓаните може бесплатно да ги користат, потврдил и амбасадорот на Србија во Грција, Душан Спасојевиќ.

„Ја следиме ситуацијата, тука постои мала плажа на која еден човек има ресторан и поставил неколку лежалки. Со оглед на тоа дека ситуацијата во Грција со пандемијата станала драматична, и туристите во однос на минатата сезона се некаде околу 20 отсто, плажите на Крф во секој случај не може да се пополнат“, изјавил амабасадорот за B92.net.

Амбасадорот потсетил дека овој случај се повторува скоро секоја година, и нагласил дека сето тоа не се случило на страната каде е мавзолејот.

Од каде дошла идејата Општината на централниот остров Крф, Дијапонте, односно належниот советник Спирод Нератзис да понуди пуштање на овој преубав остров, само 10 минути од градот Крф, како што наведува информацијата на порталот „Енимероси“, не е познато.

Преземено од: https://www.b92.net/