(Видео) Препишува, го засилува гасот и преведува- Јапонија создаде „паметна маска“ – ММС
ММС

Објавено на: 08/9/20 8:47 AM

(Видео) Препишува, го засилува гасот и преведува- Јапонија создаде „паметна маска“

Кога пандемијата „Ковид-19“ се шири низ целиот свет и кога носењето маски стана неопходно и секојдневно, не му требаше долго на некој да ја препознае технолошката можност и оваа иновација дојде од Јапонија. Јапонскиот стартап Donut Robotics ја виде можноста и создаде паметна маска. Тоа е високо-технолошка маска која го покрива лицето како стандардна, но е дизајнирана да ја олесни комуникацијата и растојанието.

Во комбинација со апликацијата C-Face, паметната маска го препишува она што се зборува, го засилува и заострува гласот, па дури и го преведува говорот на осум различни јазици.

Дупките од предната страна се неопходни за дишење, но затоа се помалку ефикасни во спречувањето на ширење на коронавирусот. Но, затоа може да се носи преку стандардна маска, објаснуваат од Donut Robotics.

Направена од пластика и силикон, има вграден микрофон кој е поврзан со паметниот телефон преку блутут. Во моментов преведува јапонски, кинески, корејски, виетнамски, индонезиски, англиски, шпански и француски.

Од компанијата напоменуваат дека нивната цел е „да го променат светот со мали и мобилни роботи за комуникација“, пренесува Си-Ен-Ен.

Извор: n1info.com

Фото: voanews.com