Целосно забранета продажба на слатки и грицки на деца во Мексико – ММС
ММС

Објавено на: 08/8/20 5:33 PM

Целосно забранета продажба на слатки и грицки на деца во Мексико

Мекскиканската држава Оаксака забрани продажба на засладени напитови и висококалорична храна (грицки) на децата, како мерка во борбата против дебелината.

Овој закон, кој е регулиран со големи парични казни и можно затворање на продавници кои би продавале на децата. Слатките се ставаат во иста категорија како цигарите и алкохолот.

„ Важно е конечно да ставиме точка на оваа индустрија која наголемо поттикнува болести кај нашите деца“, рече Магали Лопез Домингез, претставник на овој закон.

Овој закон претставен е пред повеќе од година дена, а пандемијата придонесе да тој се конечно усвои.

„ Здравјето ни е добар показател колку штета предизвикува кознумирањето на сокови и слатки“, истакнала Магали Лопез.

Ваквата одлука се донесува поради зголемениот број на деца кои имаат проблем со дебелината. Дури 73 % од жителите се сметаат за дебели.

 

 

извор: still.kurir.rs