Ерупција на вулканот Синабунг во Индонезија, пепелта на височина до два километра – ММС
ММС

Објавено на: 08/8/20 11:51 AM

Ерупција на вулканот Синабунг во Индонезија, пепелта на височина до два километра

Се случи експлозија во вулканот Синабунг кој се наоѓа на индонезискиот остров Суматра, пренесува агенцијата Анадолија.

Информацијата преку соопштение ја потврди Центарот за вулканологија и намалување на геолошки катастрофи (PVMBG). Во соопштението се нагласува дека исфрлените пепел и чад од овој вулкан достигнале височина од 2.000 метри.

PVMBG упати предупредување да не се вршат активности во околината на вулканот.

Мухаме Нурул Асури, надлежно лице од ова подрачје, упати предупредување до граѓаните на Наман Теран, Берастаги, Симпанг и Мердека, да носат маски против дождови од пепел.

Вулканот Синабунг беше активиран во 2010 по околу 400 години, додека при ерупциите што се случија во 2014 и 2016 година загинаа 23 лица.

Во Индонезија се наоѓаат 130 активни вулкани.