Комичен инцидент се случи во излетничко место за нудисти кај Берлин, кога на еден од излетниците дива свиња со две младенчиња му ја украла пластичната кеса во која се наоѓал неговиот лаптоп. Кога видел дека животното му ја украло ќесата, тој почнал да ја брка, пренесува ББС.
Ова не е првпат во Берлин диви животни да крадат од луѓето. Деновиве беше откриена и лисица со украдени цел арсенал чевли од пред врата или од дворовите на куќите.